СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС
ИДНИНАТА НА МАКЕДОНИЈА ЈА ОПРЕДЕЛИЛE ИСТОРИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ!
30 април 2010 година, Скопје, Македонија - Државното име не е право на премиерот или Владата, туку историско и неотуѓиво право на Македонците, затворено со референдумот од 8 септември 1991 година, кога македонскиот народ и граѓаните на Македонија во апсолутно мнозинство гласаа „за самотојна и суверена држава Македонија“ без додавки и придавки. Одлуката на референдумот е задолжителна! Иднината на Македонија не може да ја определи ниту премиерот на Македонија, ниту цела Грција - ова е реакцијата на Светскиот Македонски Конгрес на изјавата на портпаролот на грчкото министерство за надворешни работи Григорис Делавекурас, дека Никола Груевски во овој момент ја држи во своите раце иднината на земјата.
СМК и порачува на Елада, дека Атина мора да ја признае Македонија, ако сака Грција да остане цела, инаку ќе ја нема таква каква што е сега.
СМК отфрла секаква географска одредница на државното име Македонија и преферира на ирската формула: држава „Република Македонија“ и провинција „Јужна Македонија“ како дел од Грција. За Македонците Македонија е етнологија, за Грците Македонија е само географија. Патем, после Балканските војни Атина воспостави времена управа на окупираните територии во Македонија!
Грчкиот
антимакедонизам
не е проблем
на
Македонија
туку на Атина
и на цела
Европа.
Одговорноста
е на Брисел,
Стразбур и
Вашингтон во
односите со
Елада да го
решат
прашањето на
грчкиот наци-фашизам
кој за жал со
британско-американска
асистенција
во Грција
владее од
Втората
светска
војна!
СМК и понатаму апелира на итен и безусловен прекин на разговорите за промена на државното име Македонија!
НИЕ СЕ ДЕФИНИРАМЕ КАКО ЉУБИТЕЛИ НА СЛОБОДАТА
ЗА НАС МАКЕДОНИЈА Е СЛОБОДАТА
АКО ИМА
ЗА НАС ИМА И СЛОБОДА
Копираит © Македонија е СЕ ☼ MAKEDONIAeSE.com ☼ Сите Права Задржани
Македонија е СЕ ☼ Партија на Народот на Слободата ☼ МС ПНС
Историја на Македонија
Македонија